20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА ќе ги „чешла“ и Реал и Атлетико

ФИФА ќе ги „чешла“ и Реал и Атлетико

Real-Madrid-Vs-Atletico-Madrid-Match-Highlights-on-11-February

ФИФА започна истрага за трансферите и на другите два шпански гиганти – Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Како што е веќе познато, светската фудбалска федерација објави дека планира да воведе санкции против Барселона поради прекршување на правилата за привлекување на малолетни играчи, па поради тоа им забрани на каталонците да остваруваат трансфери во следните 14 месеци.

Сега под лупа се најдоа и мадридските клубови, за кои исто така постојат сомневања дека дејствувале незаконски во одредени случаи и може да подлежат на истите казни.

Казни ќе бидат воведени и за Шпанската фудбалска федерација, која дозволила реализирање на овие трансфери. Според некои гласини пак, целиот проблем доаѓа од тоа што шефовите на шпанскиот фудбал се во многу добри односи со УЕФА , но не и со ФИФА , а во моментов има сериозни тензии меѓу двете федерации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП