20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако овчарот од Турција стана милијардер во Америка

Како овчарот од Турција стана милијардер во Америка

C

Овчарот Хамди Улукаја од источна Турција го оствари „американскиот сон“….. благодарение на јогуртот. Имено, на Хамди кога ја посетил Америка, не му се допаднал јогуртот кој таму бил продаван, па така тој одлучил да произведува свој јогурт. Хамди за помалку од шест години станал милијардер.

Улукаја е роден во семејство кое поседувало фарма. Тој студирал политички науки во Анкара, а во 1994 година заминал во Америка да учи англиски јазик. Тоа што му пречело бил лошиот квалитет на јогуртот кој го конзумираат Американците. Затоа, тој започнал самиот за себе да произведува млечни производи, но подоцна започнал и да ги продава.

hamdi2

Тој имал огромна среќа, во 2005 година „Крафт фудс“ ја затворил својата фабрика за јогурт, а тој ја откупил за многу мали пари. Тогаш, тој од Турција го повикал Мустафа Доган, прочуениот мајстор за јогурт. Фабриката ја нарекол „Овчарот Хамди“, а неговиот јогурт „Овчарот“ започнал да го пласира во супермаркетите во 2007 година. Четири години подоцна тој продавал 1,2 милиони чашки јогурт неделно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП