
Меѓународната рејтинг агенција Фич ја задржа негативната оценка за хартиите од вредност на Банката на Кипар.


Меѓународната рејтинг агенција Фич ја задржа негативната оценка за хартиите од вредност на Банката на Кипар.
Фич нагласи дека хартиите од вредност на Банката остануваат под набљудување и покрај тоа што се под гаранција.
Рејтинг агенцијата на 5 март ја потврди долгорочната оценка на Банката на Кипар до степен „ограничен банкрот“.
Фич сега ја задржува оценката на обврзниците на Банката на Кипар до степен „Б“. Банката на Кипар е во процес на рекапитализација по банкарската криза од минатата година, што го погоди островот, поради која Никозија доби спасувачка помош од десет милијарди евра.