3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБрендот SEAT се приклучи кон семеjството “Порше Македонија”

Брендот SEAT се приклучи кон семеjството “Порше Македонија”

mucunski

Водечката компанија на домашниот автомобилиски пазар “Порше Македонија” од вчера и официјално е нов, ексклузивен дистрибутер на добро познатиот шпански бренд SEAT (“СЕАТ”).

-Имаме големи планови овој бренд повторно да засјае во светлото кое го заслужува.  Затоа го избравме “Порше Македонија” да биде нашиот нов, стабилен партнер во таа амбициозна битка за освојување на пазарот. Очекуваме во 2014 година да постигнеме пазарен удел од 5 отсто. Со својaтa шпанска страст, “СЕАТ” е во исто време добро позната шпанска и германска приказна. Тоа е силен израз на истовремено страстни перфекционисти и емотивни врвни техничари – рече Давид Албос, претставникот на брендот SEAT.

Со ова “Порше Македонија” на своето портфолио на брендови во кое влегуваат “Фолксваген”, “Ауди”, “Шкода” и “Порше” додаде уште еден корпорациски бренд.

porsch

-И покрај неповолната економска клима, тимот на “Порше Македонија” успеа да ги одржи и дури и да ги подобри своите перформанси, зголемуваќи го уделот на пазарот за неколку поени. Тоа беше израз на брзата реакција на движењата на пазарот и секогаш адекватен одговор на потребите на клиентите. Таквата врвна експертиза на тимот во Македонија е гаранција дека брендот SEAT(“СЕАТ”) ќе има блескава иднина под капата на новото семејство- изјави Винерројтер претставник на “Порше Холдинг”.

Во таа прилика, Винерројтер нагласи дека 2013 групацијата “Порше” ја заврши со позитивни резултати од продажбата на нови возила која достигнала раст од 4,5 отсто, а вкупниот приход достигнал повеќе од 16,3 милијарди евра.

pors

Во текот на изминатата година и “Порше Македонија” беше значаен дел од таа успешна групациска приказна и со своите резултати ја потврди лидерската позиција на пазарот во Македонија.

–    Во услови на постојан предизвик на пазарот, нашиот посветен тим успеа да постигне забележителни успеси, за што сведочи вкупниот удел на пазарот на нови возила, кој се зголемувашe секоја година, за во 2013 да достигне удел од над 35 отсто.  Денеска сум горд што можам да му посакам добредојде во нашето семејство на уште еден добро познат бренд, SEAT(“СЕАТ”) – рече Златко Муцунски, генералниот директор на “Порше Македонија”.

por

“Порше Македонија” постои на македонскиот пазар од декември 2005 година, а од брендовите кои ги застапува “Фолксваген”, “Ауди”, “Шкода”, “Фолксваген Комерцијални возила”и “Порше”, бележи продажба од над 15.000 возила.

porsche

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП