27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса доби забрана за трансфери во следните 14 месеци

Барса доби забрана за трансфери во следните 14 месеци

barsa la masia

Дисциплинскиoт комитет на ФИФА одлучи да ја казни Барселона да не може да остварува трансфери во наредните два преодни рока или до летото 2015-та година. Ова беше официјално соопштено од страна на светската фудбалска федерација.

Причината за ваквата глоба се „грубите прекршувања на правилата за привлекување на странски фудбалери под 18 години“. Во следните 14 месеци клубот нема право да купува играчи како од шпанската Примера, така и од другите првенства. Исто така е забранета и продажба на игрчите.

„Каталонците“ се казнети и со 450 илјади швајцарски франци (околу 370 илјади евра), а парична казна следеше и за Шпанската федерација во висина од 500 илјади швајцарски франци ( 410 илјади евра ).

Истрагите на ФИФА го зафатија периодот меѓу 2009-та и 2013-та година и се откриени доволно прекршоци за да се воведат санкциите. Во Барселона имаат 90 дена за да ја регулираат ситуацијата околу сите засегнати малолетници, доколку не сакаат зголемување на казната.

ФИФА овозможува трансфери на странски фудбалери само под три услови. Првиот е родителите на детето да се преселат во истата земја. Вториот овозможува трансфер во рамките на Европската унија ако играчот е меѓу 16 и 18 години. Третиот услов е под претпоставка дека домот на фудбалерот е на помалку од 50 километри од границата на државата од која е клубот.

На „Ла Масија“ тренираат тројца Јужнокорејци, меѓу кои и суперталентот Ли Сеун Ву (15 -годишен). Школата на „каталонците“ доби и малолетни фудбалери од Африка. Од „Камп Ноу“ може да поднесат жалба на одлуката на ФИФА пред спортскиот арбитражен суд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП