26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНерешено на првите две четвртфинални средби од ЛШ

Нерешено на првите две четвртфинални средби од ЛШ

standard

Без победник со ист резултат 1:1 завршија првите два натпревара од четвртфиналната фаза во фудбалската Лига на шампиони.

Европскиот првак Баерн Минхен иако губеше на гостувањето на „Олд Трафорд“ сепак успеа да изедначи против англискиот шампион Манчестер Јунајтед.

Домаќините поведоа преку Немања Видиќ во 58.минута, откако српскиот репрезентативец по изведениот корнер од Вејн Руни со глава беше прецизен.

Десет минути подоцна Баерн изедначи со голот на Бастијан Швајнштајгер.

На вториот синоќешен дуел се случуваше шпанска пресметка меѓу домаќинот Барселона и Атлетико Мадрид.

Гостите преку „резервистот“ Диего први поведоа во 56.минута, а конечните 1:1 ги постави Бразилецот Нејмар во 71.минута.

Реванш натпреварите ќе се одиграат на 9 април.

Вечерва на програмата се закажани другите две четвртфинални средби:

Реал Мадрид – Борусија Дортмунд и Пари Сен Жермен – Челзи.

Почетокот е во 20 часот и 45 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП