ЗДРАВЈЕ

Вежби за уморни очи

umorniochidj3hr3

Ако вашата работа подразбира повеќечасовно седење пред компјутер, тогаш овие вежби се идеални за вас!

Со овие вежби ќе успеете да ги опуштите очите и да го зајакнете мускулот на окото. Секоја од нив направете ја пет пати.

Со мирна глава вдишете длабоко, погледнете во плафонот, издишете па погледнете во подот.

Вдишете и погледнете во десната страна, па издишете и вратете го погледот на средина. Потоа вдишете и погледнете лево и повторно вратете го погледот на средина.

Вдишете и погледнете во горниот лев агол, издишете и погледнете долу десно. Кога го направите тоа пет пати, вдишете и погледнете во горниот десен агол, издишете и погледнете во долниот лев агол.

Вртете ги очите пет пати во една насока и пет пати во друга.

Обидете се редовно да ги применувате овие вежби со цел да им помогнете на вашите очи.