26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБританскиот GSK инвестира во Африка

Британскиот GSK инвестира во Африка

gskbritanskif4ew6f46ew4f

Британскиот фармацевтски гигант „Glaxo Smith Kline – GSK“ ќе инвестира 157 милиони евра во супсахарска Африка, со цел да се заштити здравјето на локалното население но и да се засили присуството во оваа област која е во економски раст.

Британската компанија има намера во наредниот петгодишен период во тој дел од светот да отвори 500 нови работни места.

„GSK“ ќе инвестира 25 милиони фунти во новата лабораторија во Африка која ќе се занимава со истражувања и развој на незаразните болести, пренесува агенцијата АФП.

Британската компанија ќе инвестира околу 100 милиони фунти во развој на лаборатории и изградба на пет нови фабрики во Нигерија и Кенија.

Се планираат и инвестиции во Руанда, Гана и Кенија.

„GSK“ има намера да го поддржи и образованието на медицинските работници со отворање на 25 универзитетски катедри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП