18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо што вложи Тотенхем 110 милиони фунти!?

Во што вложи Тотенхем 110 милиони фунти!?

totenhem zasiluvanja

Тотенхем беше најактивниот клуб минатото лето на фудбалскиот пазар, го продаде Герет Бејл за рекордни 100 милиони евра, но многу лошо ги вложи тие пари.

Тимот од Лондон купи седумина играчи за вкупно 110 милиони фунти, но наместо да направи моќен тим кој ќе се бори за титулата, тие станаа „топовско месо“.

Доаѓањето на Паулињо, Кристијан Ериксен, Роберто Солдадо, Насер Чадли, Капуе, Киркеш и Ерик Ламела, не успеаа да го надоместат заминувањето на само еден играч, Бејл.

Тотенхем само повремено во ова сезона играше добро, но честопати доживуваше понижувања.

Прво примија 3 гола од Вест Хем, потоа 6 од Манчестер Сити, па 5 од Ливерпул, па нови 5 од Сити, Челзи им даде 4, а сега нови три од Ливерпул.

Во меѓувреме губеа од Арсенал, Норвич, Њукасл, па сега се дури шести на табелата со 56 бодови.

Раководството на „Вајт Харт Лејн“ се обиде и со промена на тренерот, Андре Вилјаш-Боаш кој беше заменет со Тим Шервуд, но и тоа не промени ништо.

Против четирите најдобри тимови во Премиерлигата, Тотенхем во оваа сезона имаше учинок од 0-1-7 со гол разлика 2:27!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП