19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВреме е за пролетно чистење на организмот

Време е за пролетно чистење на организмот

proletnochistenjec4ew4fwe64fwe

Иако сончевата енергија позитивно влијае на нашето расположение и кожата ја збогатува со витамин Д, можно е организмот во ова време да е оптоварен со мастите кои сме ги внеле преку зимата. Затоа потребно е пролетно чистење на нашето тело со цел полесно да се справиме со идните жешки температури кои доаѓаат, да го обновиме организмот за новата сезона, да го прочистиме од масти и отрови и да го подобриме имунитетот.

Овој прекрасен напиток се состои од само четири состојќи кои го прочистуваат нашето тело, го засилуваат имунитетот и нашата кожа ја прават блескава.

Состојки:

– 2 литри вода

– 1 свежа краставица

– 1 лимон или две лимети

– 10-12 листови нане

Краставицата и лимонот добро измијте ги и исецкајте ги на кришки. Промешајте ги добро, па додадете ги листовите нане и сето тоа ставете го во стаклен сад. Состојките прелијте ги со вода, добро затворете го садот и ставете го во ладилник да се олади смесата. Пијте секој ден по две чаши од овој напиток се додека не ја потрошите смесата. За целосен ефект, при ваквото пролетно чистење намалете го внесувањето на масти и шеќери. Постапката може да ја повторите, најдобро е ваквиот напиток да го конзумирате околу 15 дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП