26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовите цели на ПСЖ за летото

Новите цели на ПСЖ за летото

planovi psg

„Очекувам ПСЖ да се засили со фудбалери од многу висока класа за следната година, како што направивме во оваа сезона“, објави пред неколку дена тренерот на „светците“ Лоран Блан. Медиумите во Франција веќе тргнаа со претпоставките каде ќе се засили ПСЖ, за да ги оствари своите големи амбиции.

Одбрана: ПСЖ го има еден од најдобрите дефанзивци во светот – Тиаго Силва, но се очекува одбраната да претрпи некои промени. Истекуваат договорите на Зумана Камара и Алекс. Вториот се надева дека ќе добие понуда за нов договор, но неговиот статус на играч од невропската заедница го тера раководството да не избрзува со нова понуда. Клубот го поседува и младиот бразилски талент Маркињос, но најверојатно ПСЖ нема да штеди средства за да се засили во одбраната. Приоритет за нов централен дефанзивец е партнерот на Тиаго Силва во одбраната на националниот тим на Бразил – Давид Луис. Самиот играч е повеќе склон да премине во Барселона или да остане кај лондончани, но раководството на ПСЖ веќе докажа дека умее да убедува. При неуспех за Давид Луис, од клубот ќе се обидат да се земе Меди Бенатија од Рома. Римјаните, сепак не се подготвени да се разделат со главните играчи и неуспесите во обидите на ПСЖ да ги земе Миралем Пјаниќ и Даниеле де Роси во минатата година тоа јасно го покажаа. На десната страна на одбраната, исто така може да се очекува нов играч, откако поранешниот капитен Кристоф, најверојатно ќе го напушти тимот. Грегори ван дер Вил се прикажа во добро светло, но во последно време има проблеми со коленото. Можна опција за овој дел на одбраната е Даниел Алвес од Барселона, кој веќе подолго време е во видното поле на ПСЖ.

planovi psg11

Среден ред: Уште пред неколку месеци претседателот на клубот Насер Ал – Хелаифи рече дека приоритет во селекцијата на клубот за идната сезона ќе биде привлекувањето на Пол Погба. Тимот од Париз нема да штеди средства за купување на играчот на Јувентус и веќе ја подготвуваат богатата понуда. При евентуален неуспех во договорот за францускиот репрезентативец, ПСЖ ќе се обиде да го земе неговиот клубски колега, Артуро Видал. Чилеанецот сепак неодамна потпиша нов договор со клубот и неговото купување изгледа ќе биде комплицирана задача.

planovi psg22

Напад : Во напад ПСЖ веќе работи на трансферот на друг француски репрезентативец – Антоан Гризман . Пред неколку дена се појави информација на шпанското радио „Punto Pelota“ дека крилото на Реал Сосиедад веќе добил согласност да премине на „Паркот на принцовите“. За таа цел ПСЖ ќе треба да плати 30 милиони евра, колку што е неговата клаузула во договорот со сегашниот клуб. Друга опција пред раководството е Еден Азар од Челзи, но оваа опција во моментов изгледа крајно непрактична, бидејќи најверојатно „сините“ нема да се согласат на разделба со својот најголем талент, кој веќе е и главен фудбалер во селекцијата на Жозе Мурињо.

planovi psg33

Што се однесува до тие кои ќе го напуштат клубот од Париз, Џереми Менес сигурно си заминува, додека Хавиер Пасторе може да биде искористен како адут во некоја зделка. Аргентинецот беше силно посакуван од Рома и ако се дојде до преговори за некој играч на „волчицата“, Пасторе може да биде употребен во разговорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП