25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзбрани најуспешните жени менаџери за 2013

Избрани најуспешните жени менаџери за 2013

RED

Агенцијата „Марили“ синоќа по 18-ти пат ги избра најуспешните жени менаџери од Македонија.

Меѓу најуспешните менаџерки за 2013 година се прогласени Маријана Ангелоска од „Ариљеметал“, Марина Бадаровска-Мишевска од „Казино Фламинго“, Маја Димовска од „Чоколографија Македонија“, Тања Дејаноска од Дентал интернационал Дејаноски, Евгенија Зафировска од „Бестел“, Даниела Пиперкоска од „Луцерн ВИП“, Анета Антова-Пешева од „Унет Ултра“, Магдалена Симоновска од „Шевро“ и Славица Тодоровска од „Хемофарм“ од претставништвото во Скопје.

Од општествениот сектор за најуспешна е избрана претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.

Агенцијата „Марили“, како општествено одговорна компанија оваа година одбележувајќи го своето полнолетство и 18-годишна традиција, организираше и хуманитарна акција, а средствата собрани од неа се наменети за апарат за биопсија и рана детекција на карциномот, кој ќе биде дониран на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП