26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДвете најдобри тенисерки во финалето на Мајами

Двете најдобри тенисерки во финалето на Мајами

nali

Двете најдобро рангирани тенисерки на турнирот во Мајами, Серена Вилијамс и На Ли ќе играат во финалето.

На синоќа одиграните полуфинални дуели и двете постигнаа победи. Вилијамс ја совлада Марија Шарапова со 6:4 и 6:3 во сетови, додека во реприза на финалето од Австралија Опен, На Ли беше подобра од Доминика Цибулкова со 7:5, 2:6 и 6:3 во сетови.

На машкиот дел од турнирот првиот светски рекет Рафаел Надал имаше тежок меч во четвртфиналето, но сепак успеа да го победи Милош Раониќ со 2:1 во сетови (4:6; 6:2 и 6:4).

Негов противник во полуфиналето ќе биде Томаш Бердих, кој со 2:0 (6:4 и 7:6) го победи Александар Долгополов.

Во второто полуфинале ќе играат Кеи Нишикори и Новак Ѓоковиќ. Двата меча се вечерва на програмата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП