2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВашингтон ја ограничува продажбата кон Русија на производи за цивилна и воена...

Вашингтон ја ограничува продажбата кон Русија на производи за цивилна и воена употреба

wash

САД полека го блокираат извозот кон Русија на стоки и технологии со двојна намена, односно оние кои можат да се користат и за цивилни и за воени цели.

Службата за индустрија и безбедност при американското Министерство за трговија ова недела потврди дека одбива да испраќа во Русија вакви производи, кои се дозволени за продажба.

Соопштението е објавено откако САД воведоа санкции против Русија, кои подразбираат замрзнување на сметки и визни ограничувања, како казнена мерка поради присоединувањето на Крим.

Производи со двојна намена се на пример опрема за полицајци или војници, хемиски производи, како и хардверски продукти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП