25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајверојатно ќе се изненадите кој клуб продава најдобро!

Најверојатно ќе се изненадите кој клуб продава најдобро!

big spenders composite

Тимот на Тотенхем заработил најмногу од продажбата на играчи од сезоната 2008/09 година, па наваму. Според статистиката, Тотенхем има генерирано најголеми финансиски приходи од сите тимови од петте најголеми првенства во Европа, по продажбата на фудбалери во други тимови.

Во ова рангирање предвид имаат само износите собрани од продадени играчи, но не се пресметуваат трошоците на тимот.

Треба да се напомене дека овие бројки на Тотенхем се должат пред се од преминувањето на Герет Бејл во Реал Мадрид во минатото лето. Бројките покажуваат дека тимот од Лондон од 2008/09 наваму има заработено 322.1 милиони евра.

Интересно е дека Реал Мадрид е на втората позиција со 303.7 милиони евра. На третото место е Порто со 282.7 милиони евра.

Ливерпул е вториот англиски клуб со најмногу приходи од продажбата на фудбалери, па поради тоа ја зазема четвртата позиција во ова рангирање. Од тимовите на Островот на осмата позиција е Арсенал (207.9), Манчестер Јунајтед (164.7) и Челзи (159.4) се на 17-та и 19-та позиција. Поради политиката на Арсен Венгер да наметнува млади фудбалери, „топџиите“ се сметаат за еден од најуспешните клубови во оваа сфера.

Во листата следат: на петтото место – Милан (229.5), Интер (224.9), Удинезе (220) , Арсенал, Рома, Валенсија, Севилја, Палермо, Џенова и Атлетико Мадрид.

Барселона е на 15-та позиција со 182.1 милиони.

prodazba igraci111

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП