20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГодишно Собрание на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија

Годишно Собрание на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија

Telekom

  • Исплата на дивиденда на Македонски Телеком за 2013 година во вкупен бруто износ од 2.716.252.939 денари
  • Бруто износ на дивиденда по акција од  31,49 денари (заокружено на две децимали)
  • Назначени нови членови во Одборот на директори на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија
  • На вонредните состаноци на Одборите на директори, г-динот Божидар Полдругач е именуван за нов Главен директор за техника на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија

Собранието на Македонски Телеком АД – Скопје на својата годишна седница, одржана на 27.03.2014 година ги усвои Годишната сметка, консолидираната Годишна сметка, ревидираните Финансиски извештаи, ревидираните консолидирани Финансиски извештаи и Годишниот извештај за работењето на Друштвото за 2013 година.

На Собранието се донесе одлука за распоредување на нето добивката, остварена по Финансиските извештаи на Друштвото за 2013 година подготвени во согласност со општо прифатените сметководствени принципи во Република Македонија во износ од 2.716.252.939 денари за исплата на бруто дивиденда.

Собранието ја одобри одлуката за исплата на дивиденда за 2013 година, во вкупен бруто износ од 2.716.252.939 денари што е целокупен износ од остварената нето добивка за 2013 година, односно бруто износ на дивиденда по акција од 31,49 денари (заокружено на две децимали) во кој е вклучен данокот на добивка, персонален данок на доход и данокот по задршка, каде што е применливо.

Македонски Телеком АД – Скопје согласно важечката регулатива од бруто износот на дивидендата: при исплатата на физичките лица ќе задржи и уплати данок на добивка и персонален данок на доход и при исплатата на правни лица ќе задржи и уплати данок на добивка и данок по задршка каде што е применливо.

Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2013 година е 10.04.2014 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2013 година е 07.04.2014 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2013 година е 08.04.2014 година. Исплатата на дивидендата за 2013 година ќе се врши во периодот помеѓу 23.04.2014 и 30.04.2014 година.

Македонски Телеком АД – Скопје ќе ги информира акционерите во врска со деталите поврзани со исплатата на дивиденда, со соодветно известување во најмалку еден дневен весник кој излегува на целата територија на Република Македонија, на интернет страницата на Македонската берза на хартии од вредност како и на официјалната интернет страница на Друштвото.  Собранието го одобри и работењето на членовите на Одборот на директори на Македонски Телеком за 2013, a го усвои и Годишниот извештај за работењето на Секторот за интерна ревизија за 2013 година.

Собранието на Т-Мобиле Македонија на состанокот одржан вчера, на 26 март 2014 година и Собранието на Македонски Телеком на својата денешна седница ја констатираа оставката на г-дин Јанош Сабо и г-дин Михај Немет од позицијата неизвршни членови на Одборите на директори и го разрешија г-динот Тамош Вагани од позицијата независен неизвршен член на Одборите на директори, почнувајќи од 1 април, 2014 година. За нови неизвршни членови на Одборите на директори на двете Друштва се избрани: г-дин Атила Кесег и г-дин Михаел Франк, а за нов независен незивршен член на Одборите на директори е избран г-дин Франк Полц, сите со мандат од четири години, почнувајќи од 1 април, 2014 година.

На вонредните состаноци на Одборите на директори на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, одржани на 26 март, донесени се Одлуки за разрешување на Главниот директор за техника, г-динот Торстен Алберс, кој ќе ја продолжи својата кариера во Хрватски Телеком. Г-динот Божидар Полдругач е именуван за Главен директор за техника на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, почнувајќи од 1 мај, 2014 година.

Г-динот Полдругач доаѓа од позицијата Главен директор за техника и ИТ од Хрватски Телеком, со богато дваесетгодишно искуство во областа на телекомуникациските и информатичките технологии. Во текот на неговата кариера бил одговорен за деловните и техничките аспекти на мрежите и информатичките технологии, за активности за односи со корисници, билинг и сметководство на приходи, наплата и управување со побарувања, како и за меѓународни прашања поврзани со мобилните комуникации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП