28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн ја осигура титулата на седум кола пред крајот

Баерн ја осигура титулата на седум кола пред крајот

baern titula24

Баерн е шампион на Германија за рекорден 24-ти пат! Баварците ја осигураа титулата на „Олимпискиот стадион“ во Берлин, откако беа подобри од Херта, победувајќи со 3:1 со головите на Тони Крос, Марио Гетце и Франк Рибери. Избраниците на Пеп Гвардиола запишаа уште еден рекорд. Тимот од Минхен е првиот клуб во историјата на германскиот фудбал, кој толку рано стигнал до шампионската титула – уште во март.

Минатата година Баерн го освои трофејот шест круга пред крајот, а сега тоа го направи едно коло претходно или 7 натпревари пред крајот на првенството. Со вчерашната победа, „баварците“ запишаа 52 средби во Бундеслигата без пораз, а триумфот беше 19-ти последователен во првенството. Баерн сега на своето конто има 77 поени, а второпласираната Борусија Дортмунд заостанува со цели 25 бода.

Се очекува титулата на Баерн да му биде врачена дури на 10-ти мај, на предпоследниот домашен дуел – против Штутгарт. Златниот медал е прв за Пеп Гвардиола во Бундеслигата. Постигнувањето е рекордно и за него, тој го заработи четвртиот трофеј во петте години како тренер. Пред да го преземе Баерн, Шпанецот редеше успеси на чело на Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП