2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПроменете ја оваа навика и килограмите ќе почнат да се топат

Променете ја оваа навика и килограмите ќе почнат да се топат

navikihranan97fg72f79

Ако вашите оброци најчесто се сведуваат на пециво кое го јадете во движење или грицки пред компјутерот, време е да ја промените оваа навика.

За да бидете витки, освен здравиот начин на исхрана важен е и начинот на кој ја конзумирате храната, но и времето, покажува најновото истражување.

Жените кои јадат во исто време, внесуваат и до 120 калории помалку од оние кои ги прескокнуваат оброците. Почитувањето на распоредот и времето гарантира побрзо трошење на калориите.

Ако доручекот, ручекот и вечерата ги конзумирате секој ден приближно во исто време, организмот создава навика да го произведува инсулинот во соодветни количини, како и хормонот кој ја контролира гладта.

На тој начин се спречува циклусот за изгладнување и прејадување, организмот рамномерно добива но и троши калории. Кога ќе воспоставите рамнотежа во исхраната, ќе започнете да губите килограми без диета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП