6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветот може да остане без кафе и какао поради глобалното затоплување

Светот може да остане без кафе и какао поради глобалното затоплување

Rosendal-Coffee

Климатските промени честопати имаат последици и врз земјоделството, па со самото тоа и со намирниците кои секојдневно ги користиме.

Според „Хафингтон пост“ некои од нив би можеле да исчезнат до 2050 година, како на пример кафето, чие семе потекнува од земјите околу екваторот, зони каде температурите растат многу побрзо отколку на други места.

Стеблата на кафето арабика (на кое отпаѓа 75 отсто од вкупното светско производство) се чувствителни на габата hemileia vastatrix која предизвикува скапување на билката, а климатското загревање е главниот причинител на оваа болест.

Една студија од 2011 предвидува исчезнување на кафето арабика во Никарагва и Мексико во наредните неколку децении.

Светот би можел да остане и без чоколадо. Имено, 70 отсто од какаото се произведува во Западна Африка, каде температурите ќе се зголемат во просек за 2,3 степени до 2050.

Цената на какаото би можела да експлодира.

Климатските промени влијаат и врз лозјата. Француските лозари веќе сега забележуваат промени, грозјето созрева порано и содржи повеќе шеќер, а помалку киселина.

Доколку овој тренд продолжи, лозарите би можеле лесно да останат „технолошки вишок“.

Премногу благите зими имаат за последица помалку плодови на јаболка и помала берба.

Истото важи и за кајсиите, крушките, праските и сливите.

Во едно истражување од 2010 објавено од Националниот совет за одбрана на ресурси, до половина век една третина од САД ќе се соочат со недостиг на вода.

Поради глобалното затоплување загрозени се исто така и бананите, како и хмељот, кој е чувствителен на големиот пораст на температурите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП