5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија во голема мера се задолжува

Британија во голема мера се задолжува

*

Британија во фервруари го зголеми задолжувањето, но британската влада наведува дека е на добар пат да ја оствари целта за намалување на јавниот дефицит.

Нето задолжувањето на јавниот сектор, мерка за буџетскиот дефицит, е зголемено минатиот месец на 9,3 милијарди фунти (11,1 милијарди евра) во однос на 6,5 милијарди фунти истиот месец претходната година, соопшти британскиот Завод за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Пазарите очекуваа дека официјален Лондон во февруари ќе се задолжи за околу 8,8 милијарди фунти. Аналитичарите, сепак, веруваат дека владата ќе ја исполни целта за задолжување во вредност од 108 милијарди фунти во фискалната 2013/2014 година, која трае од почетокот на април минатата година до крајот на март оваа година.

Податоците на Заводот исто така покажуваат дка јавниот долг на крајот на февруари изнесувал 1,24 илјади милијарди фунти, односно 74,7 проценти од бруто домашниот производ, во однос на 72,5 проценти во истиот период од 2013 година.

Задолжувањето на официјален Лондон би требало да биде намалено на 95 милијарди фунти во 2014/2015, а потоа на 75, 44 и 17 милијарди фунти во наредните три години, а во финансиската 2018-/2019 се очекува буџетски суфицит од речиси пет милијарди фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП