18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Светците“ ќе го зголемат буџетот за 11 проценти

„Светците“ ќе го зголемат буџетот за 11 проценти

psg-porto

Раководството на ПСЖ ќе го зголеми буџетот на клубот за над 50 милиони евра или до 480 милиони евра за следната сезона, пренесоа француските медиуми.

Растот од над 11 % се должи значителното од зголемувањето на приходите на тимот од спонзорите и од продажбата на предмети на симпатизерите.

Привлекувањето на ѕвезди од рангот на Златан Ибрахимовиќ и Едисон Кавани, како и пласманот во четвртфиналето во Лигата на Шампионите втора година по ред, веќе ги даваат своите резултати во промовирањето на ПСЖ.

Првите луѓе на „светците“ се пофалија дека продале над милион артикли за 2013-та година, што е над три пати повеќе во однос на 2011-та година, пред доаѓањето на новите катарски сопственици.

„Продолжуваме да ја следиме целта и за 10 години да се преториме во најголемиот европски клуб“, објасни Блан.

Од клубот велат дека планираното финансирање за пионерско-младинските школи ќе забави поради технолошки и административни проблеми.

ПСЖ е лидер во генералниот пласман на „Лига 1“ со 8 поени пред вториот Монако, а во четвртфиналето од Лигата на Шампионите ќе се соочи со Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП