26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се бираат најдобрите општествено одговорни претпријатија

Ќе се бираат најдобрите општествено одговорни претпријатија

ministerstvo-za-ekonomija

Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија и годинава ќе избираат најдобри општествено одговорни претпријатија.

Наградите за најдобри општествени практики ќе се доделуваат во неколку категории и тоа однос кон вработените, етичко управување, однос на пазарот со снабдувачите, потрошувачите или купувачите, заштита на животната средина и вложување во заедницата.

Право на учество имаат сите компании регистрирани во државата. Една фирма може да аплицира само со еден проект во една категорија или со повеќе проекти доколку тие се во различни категории.

Пријавите треба да се достават по електронска пошта или до Министерството за економија најдоцна до 21 мај годинава.

Повеќе информации можат да се најдат на веб страниците www.economy.gov.mk, www.cbcsr.mk и на www.bcm.mk.

Најуспешните ќе бидат избрани од страна на стручна жири комисија.

Годинава, националната награда за најдобри општествени практики е помогната од проектот „Корпоративна општествена одговорност за сите“, кој е кофинансиран од Европската унија, а во Македонија го спроведува Бизнис конфедерацијата на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП