Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,950.00 -0.46%    GRNT 975.00 0%    KMB 5,849.74 -0.11%    STB 1,057.78 0.62%    TNB 16,700.00 2.45%    

ДИЕТА: Краставица диета

Време: 12:06

Датум: март 21, 2014

Категорија: ДИЕТИ

krastavicadj3927ry932ry

Диетата со крставици е идеална за сите оние кои ги мрзи премногу да размислуваат што ќе јадат додека се на диетa затоа што диетниот план е многу едноставен: постојат само неколку намирници кои се конзумираат, а самата диета се спроведува десет дена. Постои и продолжена варијанта од 14 дена каде се забележани навистина одлични резултати: губиток од 7 килограми – секако во зависниост од нивото на физичката активност.

Како практично изгледа краставица диетата ?

Основата на оваа диета е салатата од краставици коja може да се конзумира во неограничени количини секогаш кога ќе се почувствува глад. Салатата е богата со нутритиви и не мора да се грижите дека нешто ќе ви недостасува во текот на десетдневниот режим. Останатите намирници кои се јадат во текот на денот се:

– 2 варени јајца или 150 гр туна исцедена од масло или 150 гр бело месо на скара.

– 2 поголеми варени компири (може да се варат,печат во рерна но да не се пржат во масло) или 3 парчиња интегрален леб.

– 500 грама свежо локално одгледувано овошје.

Од течности се пие обична вода, чај а дозволено е и кафето (без шеќер). Строго се забранети газираните пијалоци, алкохол и слатки.

Со секој оброк како и помеѓу оброците –може да се јадат неограничени количини салата од краставици (погледни го рецептот подоле) или да се пие шејк од краставица – значи кога ќе ве нападне гладта слободно навалете на салатата или шејкот (види го рецептот подоле на страната).

 

Пример за дневно мени:

Појадок: 2 тврдо варени јајца + чинија салата од краставици

Ужина: 5 сливи или едно поглемо јаболко или праска…или некое друго сезонско овошје со вкупна тежина до 200 гр

Ручек: Тостиран интегрален леб + чинија салата од краставица

Ужина: Шејк од краставица (види го рецептот на крајот од текстот)

Вечера: Овошје по избор (до 300 гр)

 

Не заборавајте: Ако сте гладни помеѓу оброците (па дури и помеѓу ужината и оброкот) може да конзумирате неограничени количини салата од краставици.

Како се подготвува салатата од краставици…

Салатата се подготвува брзо и многу е едноставна. Потребните намирници се:

– околу 400 гр краставици

– 2 дцл кисело млеко или јогурт (кој има домашен кефир може да го употреби – варењето ќе му биде повеќе од благодарно)

– сол и доколку сакате младо лукче или кромидче

salatataratur5464v646f4

Начин на подготовка:

Излупете и исецкајте ги краставиците на сосема мали парчиња. Посолете ги, лесно промешајте за да правилно се распоредат и прелијте ги со кисело млеко, јогурт или кефир па повторно промешајте. По желба и вкус додајте ситно исецкан млад кромид или лук и …веднаш сервирајте.

Шејк од краставици

Во блендер ставете: една млада краставица (заедно со кората – секако добро измиена), една рака добро измиен спанаќ, едно кисело јаболко. По желба додадете малку изрендан свеж ѓумбир или ѓумбир во прав. Добро изблендирајте го, налите го во чаша и одозгора посипете со парченца ореви или бадеми. Полека пијте додека е свежо затоа што ако стои подолго – губи хранливи материи.

Овој напиток ќе го снабди вашето тело со изобилство на витамини и минерали, а посебно со витамин А и К. Напитокот е исто така богат со влакна, магнезиум, железо, витамини Ц, Е и Б како и калциум и калиум. Цел спектар на сето она што ни е потребно и сето тоа во една чаша.

krastavicajhufwe

Дополнителни напомени

Иако ова е многу едноставна диета, потребно е да обрнете внимание на квалитетот на намирниците – користете само свеж зеленчук и овошје од проверен снабдувач.

Умерената физичка активност е важна работа кај секоја диета па и кај оваа, па получасовното брзо пешачење (тоа е она пешачење кога почнувате да се потите) – значајно ќе помогне во губењето на вишокот килограми.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Брза диета “3 дена”

    Брза диета “3 дена”

    Брза диета “3 дена” е една од најпопуларните диети денес, бидејќи трае кратко време и дава инстант резултати. Немојте да се чудите што низ целиот…

  • Најдобра диета!

    Најдобра диета!

    Најдобрите диети се составени од едноставни намирници богати со протеини, а сиромашни со калории, тежината се намалува постепено, што гарантира дека нема да врати брзо,…

  • Тридневна детокс диета

    Тридневна детокс диета

    Станува збор за прилично строга диета, заснована на зеленчук со растителни влакна и млечни производи со малку масти. Ќе изгубите тежина, а во исто време…

  • Најпопуларна диета во 2020 година е – Шведска диета

    Најпопуларна диета во 2020 година е – Шведска диета

    Како што трендовите во светот на убавината и модата се менуваат со брзина на молња, не е изненадување што слични работи се случуваат и кога…

  • Постои диета која е како создадена за сите љубители на леб

    Постои диета која е како создадена за сите љубители на леб

    Двопек диетата е идеална за луѓе кои сакаат да ослабат, а не можат да се откажат од леб! Двопек диетата се спроведува со многу овошен…

  • Диета со мед која гарантира резултати

    Диета со мед која гарантира резултати

    Поради големиот број на хранливи состојки, медот треба да се консумира секој ден, а каков е за држење диета – дознајте сами! Нутриционистите советуваат пред…

  • Едноставна контрола на порциите – Шака диета

    Едноставна контрола на порциите – Шака диета

    Ефикасно слабеење се постигнува, не со гладување и претерано откажување, туку со контролирање на порциите и внес на калории. Една од главните причини на нашата…

  • УН диета

    УН диета

    Стриктното спроведување на оваа диета доведува, покрај намалувањето на килограмите, и до промена на метаболизамот па затоа изгубените килограми не се враќаат. Диетета трае 90…

  • Таен рецепт за слабеење! Ослабете пет килограми за два дена!

    Таен рецепт за слабеење! Ослабете пет килограми за два дена!

    Магдоносот многу се користи во кулинарството и едноставно обожаваме да го додаваме во супи и салати. Можеме да го јадеме скоро секој ден, но во мали…

  • Што е интервален пост и колку е здрав?

    Што е интервален пост и колку е здрав?

    Интервалниот пост во моментов е најпопуларна диета, која подразбира наизменична смена помеѓу гладувањето и периодот на неограничен внес на калории. Еден од фактите, која ја…