26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТрикови против непријатниот мирис на потта

Трикови против непријатниот мирис на потта

potenjetrikovinjc893yhy93

Потењето е нормална и здрава појава, но понекогаш може да ни предивика проблеми и да не доведе во непријатна ситуација. Иако постојат козметички препарати кои ефикасно ги спречуваат непријатните мириси понекогаш тоа не е доволно, па потребно е да обрнете внимание на дневните навики.

Редовната дневна хигиена која вклучува туширање и нанесување на дезодоранс е најдобар начин за спречување на непријатниот мирис на потта, но потребно е да се посвети внимание и на некои секојдневни навики. Доколку и покрај хигиенската рутина не можете да го избегнете непријатниот мирис од пот применете некој од овие совети:

– Редовно одстранувајте ги влакненцата под пазувите на кои се собираат дополнителни бактерии

– Јадете помалку месо, особено црвено и избегнувајте брза и зачинета храна

– Избегнуввајте алкохол и намирници кои влијаат на мирисот на пот како што се лукот и кромидот

– Носете исклучително облека од природен матерјал

– Дневно испиете еден литар чај од жалфија, бидејќи тој ефикасно го намалува потењето

– Еднаш или повеќе пати неделно направете пријатна купка и во неа додадете една чаша природен јаболков оцет

– Физичките активности предизвикуваат зајакнато потење, но на тој начин се отфрлаат токсините од телото, па потта во комбинација со дневната хигиена нема да има толку силен непријатен мирис

– Избегнувајте конзумирање на претерано ладни или врели пијалоци, бидејќи тие предизвикуваат зголемено потење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП