27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИStarbucks во менито додава пиво и вино

Starbucks во менито додава пиво и вино

starbaks vino pivo

Само кафето веќе не е доволно за „Starbucks“. Најголемиот синџир на кафулиња во светот соопшти синоќа дека наскоро ќе започне да нуди пиво и вино во илјадниците свои кафулиња во обид да помогне во продажбата на заситените пазари со кафе.

На годишното акционерско собрание компанијата исто така, објави дека се здружиле со Опра Винфри за новата линија на чај во американските продавници.

„Starbucks“ започна пробно да продава пиво и вино во едно кафуле уште во 2010-та година и оттогаш тест програма порасна до 40 кафулиња во водечките градски центри во САД.

Во интервју за „Блумберг“, главниот оперативен директор Трој Олстед изјави дека во следните години програмата ќе биде ставена во илјадиците кафулиња на „Starbucks“.

Тој прецизираше дека вечерната програма, вклучувајќи специјални предмети во менито, како и пиво и вино, ќе биде насочена во областите за забава, каде што луѓето ги посетуваат рестораните, кината или други места за состаноци.

„Starbucks“ има над 20.100 установи ширум светот, вклучувајќи околу 11.500 во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП