27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕРекреацијата е поефикасна од лековите

Рекреацијата е поефикасна од лековите

rekreacijafmk83y83hg

Редовното вежбање може да го намали ризикот од стрес и да го поправи психофизичкото здравје.

Прошетка против депресија

Одењето помага повеќе отколку лековите кај депресивните личности, покажа истражувањето спроведено на 156 луѓе во траење од 16 недели. Само 30 минути брзо шетање неделно е доволно да ја врати насмевката на лицето, а само кај осум пациенти болеста се вратила и затоа престанале да бидат физички активни. Освен тоа, одењето го подигнува нивото на енергија, го поправа расположението и ги регулира хормоните.

Трчањето ја ублажува болката во зглобовите

Доколку редовно и правилно трчате, значително ќе ги ублажите болките во мускулите и зглобовите. Возрасните личности кои се занимаваат со рекреативно трчање, имаат 25 проценти помалку шанси да заболат од артритис.

Таи Чи го ублажува стресот

Оваа првобитно боречка источна вештина е вистинскиот избор во борбата против стресот. Успешно го отстранува уморот, стресот, нервозата, го смалува високиот крвен притисок. Карактеристичните успорени боречки движења го подобруваат имунолошкиот систем и штитат од вируси.

Јогата ја намалува главоболката

Дури 75 проценти од болките ги причинува мускулната напнатост во пределот кај вратот, како и лошото држење на телото. Од главоболка најчесто патат луѓето кои имаат стегнати рамена и лоши држење на телото, како и навиката да ја наведнуваат главата нанапред. Мускулите на вратот им се постојано стегнати и поради ова јогата е совршен начин на ослободување од мачните тегоби.

Пилатес за грб

Овој вид на реакција го препорачуваат голем број на физиотерапевти бидејќи така најлесно се зајакнуваат мускулите кои се поврзани со р’бетот и болката во грбот престанува. Внимателно одбраните вежби ја зајакнуваат комплетната мускулатура и го поправаат држењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП