29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБалотели се сели во Монако!?

Балотели се сели во Монако!?

balotelii2ß

Агентот на Марио Балотели, Мино Раиола е подготвен да започне преговори за трансфер на неговиот клиент во Монако, пренесува „SportMediaset“.

Репрезентативецот на Италија и играч на Милан се најде под сериозна критика, откако не се прикажува на очекуваното ниво од почетокот на сезоната. Тоа е и главната причина агентот да е активен, за да го оствари трансферот на Балотели.

Мино Раиола е подготвен за заминувањето на напаѓачот од Италија, така што ќе го прифати предлогот од Монако. Останува да се види дали со овој трансфер би можело да се најави заминување на Радамел Фалкао или пак можеби Колумбиецот заедно со Балотели би биле напаѓачкиот тандем на „кнезовите“ за високи дострели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП