ЕКОНОМИЈА

Руска инвестиција од шест милијaрди долари во Индонезија

alumarbauxite

Руски фирми годинава ќе вложат околу шест милијарди долари во изградба на капацитети за ископ, транспорт и топење на бакарна и алуминиумска руда на островот Борнео во Индонезија.

Спогодбата за оваа голема зделка ја потврди и министерот за економија на Индонезија, Хата Раџаса.

Руски компании на Борнео ќе изградат и нов железнички коридор за транспорт на јаглен од рудниците до пристаништата.

Зделката е склучена и покрај тоа што Индонезија лани воведе рестрикции за извоз на руди и суровини.

Од руска страна, инвестицијата ќе ја координира „Русал“, кој е најголем светски производител на алуминиум.

Индонезиските наоѓалишта на алуминимска руда имаат најголем процент на чист метал во тон руда.