28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветски ден на правата на потрошувачите

Светски ден на правата на потрошувачите

potroshuvachi56468786hiugiug

Цената на секој производ треба да биде видно истакната, декларацијата е задолжителна, при купувањето техничка стока трговецот мора да обезбеди упатство за полесна употреба и гарантен лист на матичниот јазик, сервисирањето може да се врши најмногу три пати во предвидениот рок и доколку недостатокот не се отстрани, производот може да се замени со нов, исправен или на купувачот да му се врати платениот износ, доколку продавачот ветува наградна игра, рокот во кој треба да ја даде наградата е осум дена од завршувањето на играта,…

Ова се само некои од правата што потрошувачите ги имаат и треба да ги знаат.

Според надлежните, последниве години политиките за заштита на потрошувачите се унапредени, а подигната е и јавната свест. Тоа го потврдуваат и се поголемиот број поплаки, како и поднесените претставки.

Годинава Светскиот ден на правата на потрошувачите – 15 Март се одбележува под мотото „Остварени резултати во заштитата на правата на потрошувачите – кодекси на добра пракса“.

Пораката од Светската потрошувачка организација е „Подобрете ги нашите права во услугите од мобилната телефонија“. Во оваа насока е лансирана нова потрошувачка агенда за фер услуги во мобиланта телефонија. Агендата се фокусира на најчестите проблеми – сигурен сервис, безбедност на личните податоци, фер договори и јасни сметки за користење на услугата.

Светскиот ден почна да се одбележува од 1983 година со цел да се промовираат правата на потрошувачите во целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП