19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто пиперките се добри за видот?

Зошто пиперките се добри за видот?

piperkidobridj378gtf

Овошјето и зеленчукот најдобро е да ги јадете кога им е сезоната, бидејќи само тогаш нивните здравствени потенцијали можат во потполност да се искористат. Но, слободно може да ги користите и надвор од сезоната, тие повторно ќе имаат благотворно дејство.

Пиперката има ниска калорична вредност и е доста богат извор на витамин Ц, како и лутеин и зеаксантин – два анти-оксиданти кои играат важна улога во превенцијата од катаракта, како и болести на средниот дел на мрежницата.

Научниците откриле дека овие супстанци дури за 79 проценти го намалуваат ризикот од појава на очни болести. Лутеинот и зеаксантинот припаѓаат на групата каротиноиди, пигменти кои на пиперката и даваат жолта и црвена боја, а ги има и во мрежницата, каде што го штитат окото од негативното влијание на светлината.

Иако лутеинот и зеаксантинот ги има и во зелените зеленчуци, како зелката и брокулата, и овошјето со портокалова или жолта боја, пиперката е нивниот најголем извор. Поради тоа, потрудете се тие постојано да се наоѓаат во вашето мени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП