29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХемикалиите од амбалажата штетни по здравјето

Хемикалиите од амбалажата штетни по здравјето

excessiveplasticpackages

Забрзаниот начин на живот ги принуди луѓето секојдневно да конзумираат храна од разновидна амбалажа која е направена од широк спектар синтетички хемикалии.

Со тек на време, хемикалиите од амбалажата завршуваат во храната која луѓето ја конзумираат, што може да доведе до акумулација на токсини во организмот.

Студијата објавена во списанието „The Journal of Epidemiology and Community Health“ предупредува на потенцијално штетните ефекти кои долгорочната изложеност на таквите споеви може да има по здравјето.

Некои од нив се формалдехиди, фталати, бисфенол А, контроверзни хемикалии кои се поврзуваат со ризик од карцином и други хронични болести.

Треба да се напомене дека сите споеви присутни во амбалажите се во мерка која е пропишана во правилниците, но авторите на студијата ја истакнуваат загриженоста поради долгорочното изложување на тие споеви, нивните акумулации и влијанието на органските системи.

Авторите на студијата, исто така предлагаат проценка на нивото на цела популација и методот на биомониторинг за да се утврди поврзаноста меѓу состојките присутни во амбалажите и ризикот од дијабетес, дебелина, карцином и други хронични болести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП