27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi сепак ќе го произведува R8 Е-tron!

Audi сепак ќе го произведува R8 Е-tron!

audi r8 e tron1

Во „Audi“ по долго размислување конечно одлучија дека нивното спортско електрично возило „R8 Е-tron“ ќе влезе во сериско производство. Одлуката е донесена, откако беше потврдено дека инженерите успеале да ја зголемат автономијата на возилото која според првите податоци изнесуваше 215km.

Германскиот гигант и официјално соопшти дека проблемот со автономијата е успешно решен и дека „Е-tron“ сега со едно полнење ќе може да помине импресивни 450km.

Иако официјалниот датум за почеток на производството и натаму не е закажан, добра вест е тоа дека возилото ќе се најде во производните погони.

„Audi“ хибридната технологија ја воведе на трката 24 часа Ле Ман со прототипот „R18 Le Man“, а по првичниот успех, беше претставен и концептот „R8 Е-tron“.

audi r8 e tron2

За придвижување на автомобилот се задолжени литиум-јонските батерии на кои им е променет хемискиот состав се со цел да се добие повеќе енергија, што овозможи за намалување на тежината на возилото.

„Audi R8 Е-tron“ ќе ја користи следната генерација на платформата на суперавтомобилот „R8“ од комбинација на алуминиум и јаглеродни влакна со која дополнително се намали тежината.

Погонот ќе се состои од два електромотори со вкупна моќ од 375KS и 820Nm вртежен момент. Се очекува возилото забрзувањето до „стотка“ да го постигне за 4.2 секунди, а максималната брзина е ограничена на 200km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП