27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСакате добра линија? Избегнувајте ги овие пијалоци!

Сакате добра линија? Избегнувајте ги овие пијалоци!

pijalociout5415674g6q463fg4sa

Бидете внимателни со она што го пиете, бидејќи пијалоците може да содржат повеќе калории отколку што мислите…

Подеднакво е важно да внимавате што пиете, како што внимавате што јадете. Само затоа што нешто е во течен облик не значи дека помалку дебелее од едно чоколадо. Изборот на вистинскиот пијалок може да го забрза вашиот метаболизам, до го намали апетитот, и да ги намали калориите.

1. Минерална вода

Доколку сте на диета и пиете доста кисела вода ќе го намалите бројот на внесените калории, но нема да изгубите на тежина. Затоа, за да ја задоволите својата жед пијте обична ладна вода.

2. Овошни сокови

Ваквите сокови исто толку дебелеат како и газираните пијалоци, особено ако не се 100 проценти овошни. Наместо нив, пробајте да внесете сок од зеленчук, како на пример сок од домат.

3. Сирупи

Само затоа што овошјето е претворено во пијалок, не значи дека е здраво. Прескокнете ги додатоците како што се сирупи, сладолед или мед.

4. Енергетски пијалоци

Ако сакате да ослабите, во секој случај избегнувајте енергетски пијалоци. Тоа се калориски бомби поради количината на шеќер што ја содржат.

5. Кафе со додатоци

Придржувајте се до чисто црно кафе без слатки додатоци: шлаг, ароми или млеко.

6. Коктели

Коктелите се повкусни од пивото, но содржат двојно повеќе калории поради шеќерите кои ги содржат. Наместо нив, подобро би било да се одлучите за светло или темно пиво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП