6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPiraeus повторно на пазарот на обврзници

Piraeus повторно на пазарот на обврзници

piraeusbankajncwpeourh38htrjf

Грчката банка „Piraeus“ објави дека подготвува враќање на пазарот на хартии од вредност во Европа, по петгодишната пауза.

„Банката „Piraeus“ има за цел повторно да им пристапи на меѓународните пазари по пет години, како и уште повеќе да ги диверзификува своите извори на ликвидност и да ја потврди својата водечка улога во грчката економија“, се наведува во соопштението на банката.

Се истакнува дека континуираното унапредување на грчката економија и истакнатата позиција на банката „Piraeus“ дозволува таа банка повторно да размисли за враќањето на пазарот на хартии од вредност.

„Piraeus“ банката, како што се наведува, планира оваа недела да договори низа состаноци со инвеститорите кои инвестираат во хартии од вредност во одделни европски градови. По тие состаноци, банката ќе утврди дали постојат услови за издавање на јавни обврзници во евра, во зависност од пазарните услови.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП