26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ FINRA предупредува за биткоинот

И FINRA предупредува за биткоинот

F

Американскиот финансиски регулатор ги предупреди потрошувачите дека користењето на биткоинот е ризично, бидејќи постои опасност од напад на хакери и бројни измами.

Ваквото предупредување на американската Регулаторна агенција за финансиските пазари (FINRA) следеше по низата скандали кои излегоа во последно време околу оваа дигитална валута, а која во изминатите две години стекна неверојатна популарност, пренесува АП.

„Купувањето и користењето на дигиталните валути, како што е биткоинот носи ризици, додека шпекулативното тргување со биткоинот носи уште поголеми ризици. Платформите кои купуваат и продаваат биткоин може да бидат хакирани, а и некои од нив веќе доживеаа пропаст. Освен тоа, можно е и дигиталните паричници да бидат хакирани, поради што потрошувачите можат да ги изгубат парите, како што и се случи во неколку случаи“, се наведува во соопштението на тој орган.

„FINRA“, исто така, укажа на користењето на биткоинот во криминални активности, како што е перењето пари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП