3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретпријатието за електростопанство на Грција ќе се приватизира

Претпријатието за електростопанство на Грција ќе се приватизира

DEI-greece

Презадолжената компанија за електростопанство на Грција (ДЕИ) ќе биде поделена на два дела, а 30 отсто од неа ќе заминат во приватна сопственост.

Весникот „Етнос“ потврдува дека дозволата за продажба на претпријатието била дадена од Министерството за животна средина, енергетика и климатски промени.

Според планот на Министерството, процедурата за продажба треба да заврши во првото тромесечие на следната година, а тоа ќе се случи по пат на меѓународен тендер.

Над два милиона потрошувачи, 11 производствени објекти со вкупен капацитет од 2.363 мегавати, шест рудници за лигнит и околу 3.000 вработени ја сочинуваат „целината“ на оваа државна компанија, која ќе биде ставена на продажба, пишува весникот „Имерсија“.

Предлог-законот за компанијата бил подготвен од Министерствата за финансии и за животна средина.

Весникот „Нафтемборики“ наведува дека проектот е ставен на јавна дебата и се предвидува претпријатието да биде поделено на две помали компании со цел либерализација на пазарот за електрична енергија. Во првата етапа ќе бидат продадени 30 отсто од компанијата.

Според синдикалните здруженија, продажбата ќе ја зголеми цената на струјата и ќе донесе загуби за државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП