6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција на долг пат кон стабилност

Грција на долг пат кон стабилност

grcija8

Ако предвидувањата се земат сериозно, Грција годинава би требало да има постабилен раст и официјално да излезе од рецесија, пишува во анализа порталот „Балкан Магазин“.

Долгот на Грција, кој во 2013 година го достигна врвот на 177 отсто од БДП , се очекува до следната година да се намали за 171,9 проценти. Ова значи дека Грција се уште ќе биде голем должник кој своите долгови ќе мора да ги враќа со високи камати и со продажба на националните богатства на комерцијален или „багателен“начин, јави дописникот на МИА од Атина.

Високата стапка на невработеност и високиот долг зборува за структурна криза на Грција која најавува дека во наредните десет или повеќе години, ќе има значително економско заостанување. Тоа упатува на реалноста Грција да остане на „опашката“ на ЕУ, со опција да се повлече и од еврозоната во одреден момент во следните неколку години, коментира „Балкан Магазин“.

Грција, која е на финансиска инфузија од 2010 година, доби две кредитни програми од 240 милијарди евра, со бришење на 107 милијарди евра од долгот на приватни кредитори – комерцијалните банки.

Грчкиот долг сепак е преголем за да може значително да се намали во наредните десет години со тековните мерки за штедење, без посилен и подлабок развој. Грчката Влада соопшти политички позитивна оценка дека примарниот буџетски суфицит е поголем од 1,5 милијарди евра – првпат по повеќе од 10 години, и суфицит во тековниот платен биланс од 1,2 милијарди евра ( 0,7 проценти од БДП) – прв од 1948 година. Според порталот, колку и да се овие податоци „охрабрувачки“, тие укажуваат дека Грција патува кон своето закрепнување со воз од трета класа во однос на државите од северниот дел на Европа и ЕУ.

„Најголемите ’купувачи’ на грчки недвижности, национално богатство и компании ќе бидат Германија, Русија, Кина и Турција, кои ќе ги вкрстуваат своите интереси. Доколку се согледа подетално, Кинезите и Русите купуваат грчки пристаништа, инвестираат во железницата и стратешки се поврзани со енергетскиот сектор. Турција е видливо заинтересирана за градежништво, транспортна инфраструктура , енергетика , а заедно со Руската Федерација и за земјоделство. Германија има интерес во сферите на недвижен имот, енергетика, комуникации – особено мобилната телефонија, ИТ-технологија и трговија“, пишува „Балкан Магазин“.

Поратолот коментира дека полека но сигурно се делат сферите на влијание, почнувајќи од Германија, која е „рбетот“ на економска поддршка на Грција со реална наплата на нејзината поддршка. Германија е во преговори со Русија и Турција околу стратешко влијание во енергетскиот сектор , особено експлоатацијата на природен гас од Јонско – Егејското Море.

Стратешки партнери во инвестирање во грчкиот туризам стануваат Русија, Турција и Германија. Со други зборови , Грците наскоро ќе треба повеќе да учат германски и руски јазик поради важноста на економските интереси на овие земји во Грција во текот на наредната деценија.

Компанијата ДЕПА, според грчките медиуми , потпиша нов договор со руски „Гаспром“ за снабдување со гас, со кое е предвидено намалување на цените на гасот за 15 отсто и тоа ретроактивно од јули минатата година. Како што соопшти грчкото Министерство за енергетика, најважните придобивки од овој договор се неговата флексибилност, како и снабдувањетo на ДЕПА со меѓу 2,5 и 3 милијарди кубни метри природен гас годишно. Новата цена на гасот е поврзана со цената на нафтата и е под 400 долари за илјада кубни метри.

– Се додека рускиот гас е „рбетот“ на ЕУ, дотогаш САД работат на „алтернатива“. Течниот нафтен гас (ТНГ) од САД кон крајот на оваа деценија ќе му конкурира на рускиот гас на европскиот пазар, вели директорот на секторот за течен нафтен гас на компанијата „Коноко Филипс“, Бергер Бејлтскард.

Според него, светското производство на ТНГ во 2018 година двојно ќе се зголеми до 600 милиони тони, благодарение на новите бизниси во САД , Австралија , Источна Африка , Русија и Канада. На овој начин, рускиот гас од гасоводната мрежа во Европа може да добие конкуренција во ТНГ од САД, а можеби и од Источна Африка, твди Бејлтскард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП