Најголеми фактори за големата волијатилност на берзата се токму кризите. Можеби звучи неблагодарно но кризите од овој тип како што е моментално напнатата ситуација во Украина ни даваат појасни сигнали за насоката на движењето на главните светски валути, кои нивни држави се директно инволвирани во матните игри.
Ситуацијата во Украина е повторно напната со враќањето и појачувањето на руските трупи на полуостровот Крим, кои навидум во претходната недела се повлекоа. Сега веќе е тешко веројатно дека русите предизвикани од валканите игри на НАТО сојузот по втор пат да се повлечат, напротив овој пат дефинитивно му стапнаа на врат на рускиот премиер Путин кој јасно наведе дека не се откажува од полуостровот Крим каде е поддржан од поголемиот процент на проруското население. Американците пак поддржани од неколкуте европски сили се цврсто решени да го заштитат суверенитетот на украинската држава иако се свесни на последиците кој можат да бидат од огромен размер.
На валутната берза очигледно се одразуваат ваквите случувања, а при кризи со можни воени дејствија скоро секогаш добитници на берзата се американскиот долар, златото и нафтата кои ја креваат својата цена како резултат од паниката на инвеститорите, а истите ги повлекуваат своите инвестиции од европските валути како и австралискиот и новозеландскиот долар.
Токму оваа недела додека ситуацијата во Украина е мошне непредвидлива може да очекуваме силен раст на американскиот долар, кој и е технички поддржан на графиконите како што најавивме во претходната недела за евентуален огромен скок на американскиот во однос на канадскиот долар на поголем временски период.
Минатонеделна анализа и предвидување:
Цената на валутниот пар USD/CAD во претходната недела покажа вистинска акција во нагорна насока, со оштар скок се искачи повторно до највисокото ниво и може да се констатира дека подлежи на огромни куповни налози и голема веројатност да расте како по анализата која ви ја презентиравме.
Графички приказ на едночасовни свеќи:
Како што може да забележите во последниот ден од претходната недела, Петок, цената на американскиот во однос на канадскиот долар се крена во само една часовна свеќа за 100 пипа и притоа го задржува нагорниот правец, кој оваа недела очекуваме повторно да расте и да формира еден тренд на подолг период како би достигнала една историска средна вредност од 1,2760.
На валутниот пазар е познато дека кога американскиот долар расте во однос на канадскиот долар, исто така расте и во однос на австралискиот и новозеландскиот долар, притоа може да се очекува надолен тренд кај паровите AUD/USD и NZD/USD.
Техничка анализа за AUD/USD:
Со отварањето на австралиската берза беше забележан значителен пад на австралискиот во однос на американскиот долар, кој може да ни претставува само почеток на еден подолг надолен тренд. Нивоата кој треба да се пробијат за последователен пад на AUD/USD се поддршката на 0,8900, потоа би следел пад до 0,8750.
Техничка анализа за NZD/USD:
Цената на новозеландскиот во однос на американскиот долар во претходната недела повторно го достигна највисокото ниво и јасно се гледа дека тој отпор ја одбива, а доколку проследиме повторно пад може да се креира дупол врв, кој претставува формација за промена на претходниот тренд од нагорен во надолен. Доколку се случи пад на цената на NZD/USD следно ниво кое може да се достигне е цена на 0,8080.
Ваш партнер,
Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби.