27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрошоците на живот во февруари пониски за 0,1 отсто

Трошоците на живот во февруари пониски за 0,1 отсто

trosocizazivot

Трошоците на животот во февруари 2014 година, во однос на претходниот месец, бележат намалување од 0,1 отсто, а цените на мало од 0,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,1 отсто во февруари 2014 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на шеќерот за 1,9 отсто, мастите за 1,6 отсто, овошјето за 0,8 отсто, месото и замрзнатиот зеленчук за 0,7 отсто и преработките од млеко за 0,4 отсто.

Во февруари намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 9,3 отсто, информатичката опрема за 8,5 отсто, гасот за домаќинстата за 7,6 отсто, течните горива и мазива за 1 отсто, течните горива за домаќинствата за 0,9 отсто, апаратите за домаќинствата за 0,8 отсто и обувките за 0,7 отсто.

Пораст на индексот на трошоците на животот во февруари 2014 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај конзервираното овошје за 2,1 отсто, зеленчукот за 1,6 отсто, мармаладите и чоколадните производи за 0,7 отсто, рибата за 0,6 отсто, алкохолни пијалоци за 0,5 отсто, лебот и житариците, сувомеснатите производи и преработките од зеленчук за 0,4 отсто, свежото млеко за 0,3 отсто, тестенините и други прехранбени производи за 0,2 отсто.

Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите во патниот сообраќај за 3,3 отсто, телефонските и факс апарати и услуги за 0,9 отсто, мебелот за 0,4 отсто и фармацевтските производи за 0,2 отсто.

Индексот на трошоците на животот во февруари 2014 година, во споредба со февруари 2013 година, бележи пораст од 0,6 отсто, а индексот на цените на мало бележи пораст од 0,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП