3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВака би можела да изгледа новата Opel Calibra?

Вака би можела да изгледа новата Opel Calibra?

opel calibra213

„Calibra“, спортското купе на „Opel“ од деведесетите години на минатиот век, секако дека заслужува свој наследник, но и натаму останува прашањето кога тој навистина ќе се појави на пазарот.

Сепак, независните дизајнери не мируваат и пред нас е уште една од компјутерските слики кои покажуваат како новата „Calibra“ евентуално би можела да изгледа.

Како база на овој модел послужи „Opel Cascada“, нормално без мекиот преклопен покрив и со преден дел од минатогодишниот концепт „Monza“.

Останува да се види дали раководството на „Оpel“ конечно ќе се одлучи да го претстави наследникот на еден од најпопуларните нивни модели од минатото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП