4 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИЕврото сепак прејако!

Еврото сепак прејако!

new-euro-banknotes

Во тек на вчерашниот ден многу дилеми се расчистија околу економската ситуација во еврозоната после одредувањето на каматната стапка и говорот на претседателот на ЕЦБ, Марио Драги.

Наводно некои аналитичари предвидуваа повторно намалување на каматната стапка со цел да се размрда малата статична инфлација, но по состанокот на европската централна банка се помирија сите страсти и шпекулации, а по оптимистичкиот говор на Марио Драги дека европската економија се зацврстува и сите индикации водат кон стабилизација, единствената европска валута, еврото, започна да расте во однос на сите други валути.

За нас најинтересниот валутен пар, EUR/USD, цената драстично порасна и после 3 месеци за прв пат ја проби границата од 1,3800, за да се најде на 1,3860. Од техничка гледна точка овој феномен може и да се нарече ввистински пробив (True Break Out) со големи шанси цената да продолжи оштро да расте до некој нареден отпор.

Техничка анализа:

tututututu

На графичкиот приказ може јасно да се види како последната дневна свеќа ја пробива границата на 1,3800 и свеќата завршува над тој отпор на цена 1,3860. После овој вид на пробивање на цена, скоро секогаш следува уште позасилен нагорен тренд, кој може уште денес да достигне нова рекордно висока цена од 1,3950, кое ниво ни претставува и голем историски отпор.

Анализата овој пат е поддржана и од техничките и фундаменталните индикатори, така да за понатамошен раст на цената на EUR/USD шансите се сеуште поголеми.

Ви посакуваме успешна реализација на профит доколку се исполни анализата!

 

Среќно тргување,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП