28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Грција и треба дополнително време, но и пари

На Грција и треба дополнително време, но и пари

grcijavremepari514s4a65er

На Грција и е потребно дополнително врeме за закрепнување на домашните банки, изјави еден неименуван извор од грчкото министерство за финансии.

„Бараме дополнително време за закрепнување на нашите банки“, изјави тој извор за Франс прес.

Централната банка на Грција подоцна денес би требало да ги објави резултатите од долгоодложуваните стрес тестови на банките, кои имаат за цел да одредат колкав капитал им е потребен на банките со цел да се реши проблемот со акумулираните неплатени кредити.

Според некои проценки на централната банка, на водечките комерцијални банки им се потребни од пет до шест милијарди евра.

Сепак, меѓународните кредитори на Грција – Европската унија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка, сметаат дека на грчките банки ќе им бидат потребни и далеку повеќе пари, со проценка на ММФ дека ќе им бидат потребни околу 8,5 и 9 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП