27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗајакна украинската гривна

Зајакна украинската гривна

ukrainskagrivna1

Украинската гривна на меѓубанкарскиот пазар на Украина во текот на денешното тргување зајакна во однос на доларот за 0,5 проценти во споредба со понеделникот.

Вредноста достигна 9,45 гривни за долар.

Во почетокот на тргувањето курсот на доларот порасна за 2,1 проценти, на 9,7 гривни, пренесува украинската новинска агенција Униан.

Индексот на украинската берза UX под влијание на зајакнувањето на гривната порасна за 0,8 проценти на 1.090,7 берзански поени, откако утринава се намали за 0,79 проценти на 1.073,57 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП