3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна концептот Alfa Romeo 4C Spider (фото+видео)

Пристигна концептот Alfa Romeo 4C Spider (фото+видео)

roadster alfa

На женевскиот авто-саем „Alfa Romeo“ го претстави концептот на спортскиот двосед „4С“ со отворен покрив. Продукцискиот модел ќе пристигне во продажните салони во почетокот на 2015-та година.

„Alfa Romeo“ e еден од производителите кои годинешната премиера ја сочуваа од очите на јавноста до самиот почеток на саемот во Женева. Иако за автомобилот долго време се шпекулираше во медиумите, фотографиите и официјалните детали не беа соопштени.

Со оглед на првите фотографии на ова возило, може да се каже дека чекањето се исплатеше.

roadster alfa1

Италијанскиот производител успеа своето купе да го претвори во хармоничен и убав „Roаdster“. Дизајнот во најголема мера е превземен од стандардната „Alfа 4C“, цврстиот неподвижен покрив е заменет со платнен, додека зад кабината е инсталиран заштитен „рол-бар“ од јаглеродни влакна.

Како и кај стандардната верзија, на концептот со отворен покрив употребени се лесни материјали за деловите на каросеријата, како што е ракмата на шофершајбната, па така „Spider“ е потежок од купе верзијата само 60kg.

roadster alfa2

Примерокот кој „Alfa“ го претстави во Женева е опремен со две централно поставени цевки на издувниот систем, кои се изработени од титамиум и јаглеродни влакна, а кои специјално за овој концепт ги изработи компанијата „Akrapoviс“.

„Alfa 4C Spider“ се разликува од купе верзијата и по куќиштето на фаровите од јаглеродни влакна, како и по новите алуминиумски бандажи.

Тоа што остана непроменето во однос на верзијата со цврст покрив е моторот. Автомобилот за погон го доби истиот 1.75-литарски турбо-бензинец кој развива 245 ks (177 kW) и располага со 350 Nm максимален вртежен момент.

roadster alfa3

Снагата се испраќа на задните тркала, а за пренос е употребен шестбрзински „TCT“ менувач со двојно квачило, кој покрај автоматскиот има и секвенцијален начин на работа со команди за промена на брзините на управувачот.

Автомобилот од место до „стотка“ стигнува за 4.5 секунди, а максималната брзина изнесува 250 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП