24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Нероазурите“ го потврдија трансферот на Видиќ

„Нероазурите“ го потврдија трансферот на Видиќ

Manchester-Uniteds-Nemanja-Vidic2

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ ќе ја продолжи кариерата во Интер. Веста беше потврдена лично од претседателот на италијанскиот гигант Ерик Тохор. 32-годишниот Видиќ ќе премине во Интер во текот на летото како слободен агент и со „нероазурите“ ќе потпише двегодишен договор.

„Видиќ е фудбалер од светска класа. Исклучително сум среќен што успеавме да се финализира договорот и да го доведеме Немања во Милано“. Тој е еден од најдобрите дефанзивци во светот, а со неговите квалитети и меѓународно искуство, тој ќе помогне неизмерно во развојот на нашите млади играчи“, вели сопственикот на Интер.

„Немања ќе додаде дополнителен гламур кон еден нов голем Интер, кој градиме. Сакам да ја искористам можноста да се заблагодарам и на Манчестер Јунајтед и тимот на Немања Видиќ, кои демонстрираа извонредна професионалност во текот на преговорите“, додава Тохир .

Се очекува во текот на летото Интер да се раздели со Валтер Самуел и Хавиер Занети, чии договори истекуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП