29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроКредит со нова кредитна понуда за бизнисите

ПроКредит со нова кредитна понуда за бизнисите

prokredit

ПроКредит Банка ги намали каматните стапки на кредитните услуги за претпријатијата и овозможи прилагодување на истите според динамиката на самиот бизнис. Новата кредитна понуда од ПроКредит Банка е наменета за целосна поддршка на работењето на малите и средни бизниси. Банката однапред му одобрува на бизнисот максимален износ на средства за повеќе намени (ликвидност, набавки, инвестиции) согласно финансискиот капацитет на бизнисот и со само една анализа. Секој бизнис одбира во кој период и која кредитна услуга ќе ја користи во рамки на една година. Нема трошоци за неискористениот дел од средствата.

Новата кредитна понуда од ПроКредит Банка ќе понуди неколкукратни придобивки: едноставност во работењето и помалку процедури, флексибилност во намена на средствата, конкурентност и брзина во плаќањата за искористување нови пазарни можности или подмирување на непредвидени трошоци.

Како банка специјализирана за поддршка на овој сегмент, ПроКредит постојано ги прилагодува услугите со цел да го поддржи работењето на бизнисите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП