20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонската музичка продукција може да биде сериозен бизнис

Македонската музичка продукција може да биде сериозен бизнис

muzika-biznis

Повеќе од 7 години во Макеоднија симфонискиот орекстар Фејмс продуцира музика за светски мега-хитови

Француската брачна двојка Лорен Копитс и Од Насју-Мопа пред повеќе од 7 години го почувствувале музичкиот потенцијал во нашата земја и се решаваат да формираат музичката продукциска компанија „Маседониан мјузик & ентертејнмент“ (Macedonian music & entertainment) која ќе снима музика за интернационални проекти. За таа цел ги одбираат  најдобрите 120 македонски музичари и го формираат симфонискиот оркестар  наречен „Ф.А.М.Е.’С“ (Филм Арт Мјузик Ентертеимент ин Скопје).  Нивната интуиција и чувството за добар бизнис годините подоцна покажуваат дека донеле вистинска одлука.

Благодарејќи на овој проект македонски музичари имаат несекојдневна можност од дома да бидат дел од врвни светски филмски проекти, да го покажат својот потенцијал и воедно да ја промовираат Македонија во светот на уметноста. Можност да заработат, да се развиваат како музичари, и корист од тоа да има целокупната домашна музичка индустрија и македонската економија во целина. Преку симфонискиот оркестар  наречен „Ф.А.М.Е.’С“ македонските музичари имале можност да работат на интернационални музички проекти од целиот свет, на повеќе од 500 проекти со голем број престижни комапнии како: Дизни, ХБО (HBO), Ворнер Броз (Warner Bros), Парамаунт (Paramount), ЕМИ мјузик (EMI Music), Канал + (Canal+), Сони Пикчерс (Sony Pictures), Катинг еџ мјузик (Cutting Edge Music) и многу други.

fejms

Овој симфониски оркестар од самиот почеток е сместен во Студиото М1 во рамките на МРТВ каде Маседониан мјузик & ентертејнмент“  со своја сопствена инвестиција го ревитализира студиото и го опремува со најсовремена аудио техника која на МРТВ и стои на располагање. Или поточно МРТВ е првиот корисник на оваа инвестиција имајќи предвид дека 2/3 од вкупниот работен распоред на ова студио им припаќа токму ним. Копитс и Мопа, и самите по вокација музичари, не се стеснуваат да ја споделат современата аудио техника со голем број на реномирани македонски уметници. Па така ги отворија вратите за многу од нив бесплатно да ги користат придобивките од ова модерно опремено студиото, како што беше снимањето на музиката за македонските филмови: „Трето полувреме“ и „Балканот не е мртов“, потоа музиката на Влатко Стефановски, Кирил Џајковски, Дуке Бојаџиев, Тони Китановски, Ана и Олег Кондратенко и многу други.

Приказната за „Фејмс“ е куриозитет и одличен пример за тоа како нашата земја има потенцијал не само да привлече странски инвестиции туку и успешно да функционира во рамките на нашето општество.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП