10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕРаботи што лошо влијаат на плодноста

Работи што лошо влијаат на плодноста

test-za-trudnocu

Ризичен секс

Многу наизглед безначајни уринарни инфекции можат да бидат причина за воспаление на женските гениталии и доколку се упорни, а не се лекуваат, можат да предизвикаат стерилитет. Причинители за овие инфекции се бактерии, вируси, габи и група која по своите особини е слична и на бактерии и на вируси: хламидија, микоплазма и уреоплазма.

Цигари

За штетноста на цигарите веќе се знае. Како и на сите други органи, цигарите имаат штетно влијание и врз јајниците. Жените пушачи имаат почесто проблеми за да забременат. Ако тоа се случи, статистиките говорат дека имаат поголем број абортуси, а нивните бебиња се раѓаат со помала тежина. Ако сакате да забремените, а сте пушач, оставете ја таа опасна навика, бидејќи ќе ви треба околу една година за да ја вратите оптималната состојба на организмот и така да создадете идеални услови да ви се случи бременост. Познато е и дека менопаузата кај жените кои се пушачи може да почне и до четири години порано во однос на некои жени кои не пушат.

Проблеми со тежината

Количината на масно ткиво кај жените е многу значајна бидејќи тоа е место каде, заедно со јајниците, се произведуваат и хормони кои можат да влијаат на овулацијата.  Кога имате премалку масти (БМИ под 18,5) може да се случи воопшто да не овулирате. Премногу масни наслаги (БМИ над 29), преголема количина инсулин и естроген можат исто така да го спречат целиот процес.

Лоша исхрана

Студијата спроведена на Универзитетот Харвард открива дека жените кои се придржуваат до четири правила во врска со исхраната имаат подобра плодност во однос на лицата со нездрави животни навики. Внесувајте интегрални житарки наместо бели преработени, отфрлете ја храната што содржи транс-масти.

Хемикалии

Кога научниците обрнале внимание на количината на БПА (хемикалија што наликува на естроген која се наоѓа во одделни видови пластика и пакувања за одредени прехранбени производи) во урината на жените кои се подложени на ин витро, откриле дека кај жените кои имале највисоки нивоа на БПА имале 24 проценти помалку собрани јајце клетки во однос на оние кај кои сите овие вредности биле на најниско ниво.

Префрлете се на производи кои не содржат БПА.

И мажите треба да обрнат внимание на здравјето.

Во околу 40 проценти од случаите причините за неплодност се однесуваат на мажите.

Студиите на машки навики откриваат тажна вистина: помрзеливите мажи често имаат иста таква сперма.

 

Лежење на кауч и гледање тв

Доказ дека вежбањето е подобро од излежување на кауч пред тв со омилената серија покажува студијата од Харвард школата за јавно здравје, која открива дека мажите кои гледаат тв повеќе од 20 часа неделно произведуваат помалку сперма за 44 проценти од оние кои не го вклучувале телевизорот.

Конзумирање брза храна

И мажите и жените треба да се префрлат на поздрава исхрана ако сакаат да имаат деца. Неодамна спроведена студија открила дека мажите кои јадат повеќе риба, интегрални житарки и зеленчук имаат сперматозоиди кои се за 11 проценти побрзи од сперматозоидите на мажите кои конзумираат црвено месо, пица, масни грицки и слатки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП