2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКвотата за увоз на пченица ќе трае цела година

Квотата за увоз на пченица ќе трае цела година

pcenica1

Квотата од Светската трговска организација за увоз на пченица, наместо шест месеци како досега, ќе трае цела година. Ова е едно од усвоените барања на мелничарите по работната средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што информира Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, предвидената квота од 80.000 тони е доволна, но преработувачите предложија увозот да почне по жетвата, од средината на јули, и да трае цела година, не само во првите шест месеци.

Министерството го прифати и барањето на Групацијата за намалување на димензијата на контролните маркици од брашното тип Б. Ќе биде намалена и цената, а точниот износ ќе се знае во мај годинава кога ќе биде распишан новиот тендер.

Во врска со нејаснотиите околу постапувањето со оштетените вреќи за брашно и аплицираните маркици е прецизирано дека секоја маркица ќе треба да се одлепи и во рок од пет дена по истекот на месецот да се предаде заедно со записник.

Мелничарите бараа контролните маркици да имаат различна боја зависно од пакувањата, како и да чинат најмногу 0,20 денари, при објавувањето на тендерот за нивно печатење, Групацијата да има свој претставник, квартално издавање маркици, како и издавање во подрачните единици на ресорното Министерство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП