вторник, март 2, 2021
-3 °c
Skopje
6 ° вто
7 ° сре
7 ° чет
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

ADIN 750.00 2.6%    ALK 14,056.61 0.41%    GIMS 9,240.00 29.96%    INBR 4,000.00 0%    KMB 7,697.77 -2.28%    MPT 71,000.01 0%    REPL 106,000.00 0%    RMDEN18 99.50 0%    RMDEN19 99.50 0%    SBT 3,292.00 -4.57%    STBP 501.00 -11.95%    STIL 58.00 0%    TNB 19,585.34 -1.8%    TTK 1,359.63 -3.36%    ZIMS 1,268.00 0%    
Почетна НАЈНОВИ ВЕСТИ

Психологија на Тргувањето на Форекс Берзата

февруари 28, 2014
во категорија НАЈНОВИ ВЕСТИ, ТОП ВЕСТИ, ФОРЕКС, ФУНДАМЕНТАЛНИ АНАЛИЗИ
A A
Психологија на Тргувањето на Форекс Берзата
32
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

forex-trading-psychology

Форекс пазарот или тргувањето со финансиските деривати, благодарение на напредната интернет технологија станува се повеќе популарно и од година на година масивно се зголемува бројот на учесници во оваа берза.

Со фактот дека овој вид на берзанско работење е овозможен за сите индивидуални и правни субјекти ширум светот од почетокот на 21-виот век, интересот за тргувањето кај популацијата масовно се шири, а исто така и се надградува и модернизира интернет технологијата и алатките преку кои се извршуваат трговските операции.

Во кратки црти, Форекс пазарот (Forex) е скратеница од поимот “Размена на валути” (Foreign Exchange) што самиот поим ни укажува што претставува овој пазар. На Форекс пазарот се тргува со повеќето главни светски валути како што се американскиот,австралискиот,новозеландскиот и канадскиот долар, еврото, британската фунта, швајцарскиот франк, јапонскиот јен и многу други споредни валути, но исто така денес е овозможено и тргување на разни финансиски деривати како што се металите (злато, сребро и др.), договори на разлика на индексите на валути, акции, роба и други.

Услугите за тргување на Форекс берзата ги нудат специјализираните брокерски компании преку современите трговски платформи каде се извршуваат  директните трговски налози (купување или продавање на цената на валутните парови и многу други финансиски инструменти) и тоа со реална цена во реално време.

trading-psihology

Предностите на Форекс берзата во однос на другите берзи се тоа што буквално сите субјекти може да учествуваат директно на пазарот, тргувајки преку интернет од  сите десктопи, мобилни уреди, таблети и слично, а извршувањето на трговските налози е совршено брзо само со еден клик на вашиот уред, така да може да се купува или продава секој финансиски инструмент во секое време. Процесирањето на трговските налози преку современите софтвери е пократко од една секунда.

Читајки го горенаведениот текст, веројатно се запрашувате како е можно толку брзо да се купи или продаде еден финансиски инструмент?

– Одговорот е едноставен:  Форекс берзата е отворена 24 часа дневно од Понеделник до Петок и е најликвидна берза во светот, каде во просек во еден ден прометот изнесува над 5 Трилиони американски долари или еквавилентно на другите валути, а бројот на директни учесници денес изнесува над 5 милијарди индивидуални трговци, сите големи банки и  многу други  инвеститорски институции ширум светот, притоа може да констатирате дека во секој момент од работната недела има актвни купувачи и продавачи.

Веројатно многу од вас кои ја читате оваа статија во “старите добри времиња” на некој начин сте тргувале со валути но на физички начин, кога во бивша Југославија стариот Динар често доживуваше девалвација, така што сте полнеле вреќи со пари и купувале странски валути надвор од државата и повторно дома сте ги разменувале во Динари по извесен период кога валутата ќе достигнеше значително пониска вредност.

Тргувањето на Форекс пазарот се одвива на сличен начин, но за разлика од физичкото тргување со валути каде разликата на продажната и куповната цена помеѓу две валуте е огромна, директно преку услугите на Форекс Брокерите вие купувате и продавате многубројни валути со минимална разлика помеѓу куповната и продажната цена која верувале или не изнесува помалку од  0,0001 единици при секој трговски налог.

На пример доколку сметате дека цената на американскиот долар во идно време ќе расте во однос на македонскиот денар, би отишле во банка или менувачница со цел да размените денари купувајки долари. Да речеме дека моменталната средна цена за купување на 1 долар изнесува 45 денари, менувачниците ке ви понудат куповна цена од 47 денари за 1 долар , а за продавање на 1 долар ви нудат цена од 43 денари. Тоа на Форекс пазарот иако денарот не е учесник на истиот, би изгледало вака: – За да купите 1 долар цената би изнесувала 45,002, а за да продадете 1 долар цената би изнесувала 45,000 денари, што значи провизијата на физичката размена е за повеќе од 1000 пати поголема.

Доколку сте купиле во менувачница 1000 долари, денарската сума изнесувала 47 000 денари, а да речеме дека точно сте прогнозирале дека цената на доларот ќе расте во однос на денарот и за некој реален период од  1 година доларот достигнал средна цена од 50 денари за 1 долар, вие истите 1000 долари кој сте ги купиле за 47 000 денари, сега ги разменувате или купувате денари, а продажната цена која ви ја нудат менувачниците е 48 денари за 1 долар, така да добивате 48 000 денари и сте оствариле позитивен профит од само 1000 денари.  Но притоа ќе се запрашате дали воопшто вредело сето поминато време за само 1000 денари заработка, а и секако цените на производите скоро секогаш се движат во нагорна насока така да може да се рече и дека сте во загуба, нели?

risk-profit-loss-photo-500x4653

А еве ви пример како сето тоа се тргува на Форекс пазарот:

-Како што напоменавме македонскиот денар не е вклучен во Форекс берзата, но како што знаеме веќе долго време денарот е стабилен и корелативен со еврото, така да за пример ќе ја земиме трговската размена помеѓу еврото и американскиот долар.

На форекс пазарот валутите се тргуваат во парови, кои се назначени со кратенки, а валутниот пар евро-долар се означува како EUR/USD. Во овој случај еврото ни претставува примарна валута а доларот е котирачка валута.

Уште поголема предност на Форекс пазарот е што брокерите ви овозможуваат со помали финансиски средства да купувате или продавате валути  директно на пазарот со 100 до 500 пати поголема сума од основниот капитал, преку кредитната потпора која безусловно ја добивате на вашата трговска сметка.

На пример доколку имате реална сметка од 1000 американски долари и одберете кредитна потпора од 1:100, може да купите или продадете некоја валута со друга валута како со 100.000,00 долари на физички пазар со големина на трговски налог од 1 Лот, 10.000,00 долари со големина на налог од 0,1 Лот или 1000,00 долари со големина на налог од 0,01 Лот.

Притоа доколку добро ги познавате техничките и фундаменталните вредности кои ги движат цените на валутите и другите финансиски инструменти може да реализирате огромни профити купувајки или продавајки ги истите во вистинско време, а не можете повеќе да изгубите од реалниот капитал кој сте го вложиле.

Да речеме дека цената за едно евро сега изнесува 1,3000 американски долари, а сметаме дека според некои економски збиднувања еврото ке порасне во однос на доларот во извесно време до цена од 1,4000 долари за едно евро, ние преку сметката за тргување и трговскиот софтвер извршуваме директни налози за купување на евра истовремено продавајки долари.

На пример ако сметката за тргување е во износ од 10 000 американски долари и купувате евро во однос на американски долар или купувате евра продавајки долари, не купувате со износот на сумата од 10 000 долари која ви е на располагање, туку одбирате трговски налог со одредена големина колку што сметате дека би ризикувале во операцијата која ја извршувате.

Да речеме дека доколку цената на EUR/USD ке скокне од 1,3000 на 1,4000, тоа е разлика од 1000 единици или пипа, вие преку вашата сметка од 10 000 долари купувате евра во однос на долари од цена 1,3000 со големина на трговски налог од 1 лот.

1 Лот е еднаков на 100 000 долари, а разликата на цената во единици се множи со таа сума, така да од моментот на купување на цена 1,3000 со големина од 1 лот или 100 000 долари  до моментот на целната цена на 1,4000 каде се зема профитот, се остварува профит од 10 000 долари или калкулирано на следниот начин: 100 000 USD x (1,4000 – 1,3000)= 110 000 или чист реализиран профит од 10 000 долари.

На вашата форекс сметка после реализирањето на профитот вие ќе имате 20 000 долари или заработка од 100% од иницијалниот депозит од 10 000 долари, каде може колку сакате и кога сакате да ги повлечете на едноставен начин.

Но сепак мора да се знае дека секогаш не е се розево и дека може и да се изгубат средства, но и тоа со добар риск менаџмент може да се минимализира, да се поставуваат  гарантни граници до кое процентуално ниво може да се загубат средства.

На пример доколку сме сметале дека цената на EUR/USD ке се искачи од 1,3000 до 1,4000, но тоа не се случило и цената паднала за 100 или 200 единици или пипа во обратна насока или до цена 1,2900 или 1,2800 тогаш загубата ќе изнесува до 1000 или 2000 долари (10 или 20% од вашиот иницијален капитал).

Но секако дека не мора да се ризикува баш до тоа ниво, може трговските налози да одберете да бидат и помали како на пример од 0,5 лота или 0,1 лота, дури и минимално до 0,01 лот, каде евентуалните профити или загуби се знатно помали.

На пример реализирање на профит на разлика на цена од 1,3000 до 1,4000 или 1000 пипа, со големина на трговски налог од 0,1 лот изнесува 1000 долари (10% профит од иницијалниот депозит), а загуба од 100 или 200 пипа ќе изнесува 100 или 200 долари (1 или 2% загуба од иницијалниот депозит).

За успешно тргување на Форекс пазарот и реализирање на константни профити на подолг временски период несомнено треба добро да се едуцирате во начинот на тргување на оваа берза, разбирање на техничките анализи и индикатори, познавање на економските фактори кои директно влијаат врз движењето на секој финансиски инструмент, голема дисциплина и планирање на трговските операции, стрпливост, помалку емотивност и добар риск менаџмент.

trade

Форекс пазарот како и сите други финансиски берзи подлежи на ризик од можни загуби, така да секој субјект инволвиран во оваа берза мора да ги разбере евентуалните лоши последици и комплетно да го прифати ризикот на сопствена рака.

На глобалниот нет постојат и брокери кои со маркетиншки и шпекулативни трикови  можат да ве наведат на неправилно тргување на оваа берза со цел да загубите средства кои ги користат како нивни приход, затоа внимавајте како го одбирате брокерот преку кој ке ги користите услугите, да се проверат нивните валидни лиценци и регулации, да се преиспитаат нивните услови за тргување, да не подлегнувате на маркетиншки статии кои ве убедуваат дека лесно се заработува или како некои заработуваат по 1000 или повеќе проценти за краток период (иако теоретски е можно но ризикот е преголем), што значи искуството е пресудно за секој трговец и инвеститор како ќе располага со средствата.

Затоа постојат демо-виртуелни сметки преку кои бесплатно може да ги совладате вештините на тргувањето и риск менаџментот, но сепак треба да знаете дека психологијата на тргувањето на виртуелните сметки е сосема различна од тргувањето на реалните сметки!

Трговците кои тргуваат под притисок со цел да заработаат пари што е можно побрзо или раководат со средства кои не се нивни или се позајмица, кредит и слично тешко успеваат на оваа берза без разлика на познавањето на пазарот, а трговците кои се спремни да го инвестираат слободниот капитал на берзата со добро познавање на форекс пазарот често заработуваат и се надградуваат до професионално ниво.

Други бенефиции на тргувањето на берзата е надградувањето на сопствениот карактер, надградување на психолошката свест, креативноста, одговорноста, контролата на ризиците, контрола на емоциите, дисциплинираноста и стабилноста.

Најдобриот момент на Форекс пазарот е тоа што сами одлучувате што и кога ќе тргувате, не зависите од никој друг и доколку го достигнете нивото на професионалност едноставно може константно да профитирате и да си овозможите подобар живот во нашата средина.

Доколку сметате дека може да се пронајдете во овој вид на трговија може да ги користите услугите на Адмирал Маркетс,  еден од најголемите брокери во Европа со канцеларии во 50 светски држави од кои и во Македонија, каде условите за тргување се најдобри во регионот, добивате безусловна професионална клиентска поддршка, професионална едукација во секое време како и многу други предности.

 

Срдечно,

Адмирал Маркетс

Тагови: admiraladmiralmarketsberzaforexpsihologijatrguvanjeадмиралберзамаркетспсихологијатргувањефорекс
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Груевски: Драстично е подобрена климата за инвестирање во Македонија

Следна Објава

Конзорциумот на магнатот Лацис единствен кандидат за купување на аеродромот Елиникон

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Лука Дончиќ е највреден! Картичка од Словенецот продадена за 4.6 милиони долари!
АВТОБИЗ

Лука Дончиќ е највреден! Картичка од Словенецот продадена за 4.6 милиони долари!

март 1, 2021
57

Лука Дончиќ како да е создаден да поставува рекорди. Најмногу на кошаркарскиот терен, а сега и кај лудите колекционери на...

Прочитај повеќе
Нови 234 случаи на Ковид-19, починаа седум лица
ЕКОНОМИЈА

Нови 234 случаи на Ковид-19, починаа седум лица

март 1, 2021
215

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 234 нови случаи на Ковид-19 од направени...

Прочитај повеќе
ТАВ објавува: Меѓународниот Аеродром Скопје награден како најдобар аеродром во европа во неговата големина и за најдобри хигиенски мерки во европа за 2020 година
ЕКОНОМИЈА

ТАВ објавува: Меѓународниот Аеродром Скопје награден како најдобар аеродром во европа во неговата големина и за најдобри хигиенски мерки во европа за 2020 година

март 1, 2021
248

Меѓународниот Aеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, e награден од Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International) со ASQ-наградата за...

Прочитај повеќе
ОКТА ги објави финансиските резултати за 2020 година
КОМПАНИИ

ОКТА ги објави финансиските резултати за 2020 година

март 1, 2021
32

Минатата година ја обележа пандемијата на КОВИД-19, што доведе до значително намалување на глобалните економски активности, особено во првата половина...

Прочитај повеќе
Како ќе изгледаат ковид-пасошите, и кога да ги очекуваме?
ЕКОНОМИЈА

Како ќе изгледаат ковид-пасошите, и кога да ги очекуваме?

март 1, 2021
101

Повеќето земји од Европската унија се согласија да го олеснат патувањето со воведување на дигитален сертификат за вакцинација, додека невакцинираните...

Прочитај повеќе
МВР отвори линија за анонимно пријавување лихварство
ЕКОНОМИЈА

МВР отвори линија за анонимно пријавување лихварство

март 1, 2021
61

Министерството за внатрешни работи во изминатиот период почна акција за сузбивање на незаконската појава на позајмување на парични средства за...

Прочитај повеќе
Од мај почнува реконструкцијата на Универзалната сала, идејното решение е донација од архитектот
ЕКОНОМИЈА

Од мај почнува реконструкцијата на Универзалната сала, идејното решение е донација од архитектот

март 1, 2021
41

Универзалната сала во Скопје ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит, задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и...

Прочитај повеќе
Од ноќеска на полноќ повисоки цени на горивата
ЕКОНОМИЈА

Од ноќеска на полноќ повисоки цени на горивата

март 1, 2021
189

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Прочитај повеќе
Уапсен поранешниот претседател на Барселона
АВТОБИЗ

Уапсен поранешниот претседател на Барселона

март 1, 2021
71

Полицијата, претпладнево, извршила рација во официјалните простории на фудбалскиот клуб Барселона. Шпанските медиуми објавија дека се уапсени поранешни челници на...

Прочитај повеќе
Закрепнувањето на економијата ја зголемува побарувачката за „црното злато“
ЕКОНОМИЈА

Закрепнувањето на економијата ја зголемува побарувачката за „црното злато“

март 1, 2021
24

Цените на нафтата на светските берзи пораснаа минатата недела, така што тие забележаа скок од околу 20 проценти во февруари,...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лука Дончиќ е највреден! Картичка од Словенецот продадена за 4.6 милиони долари!

Лука Дончиќ е највреден! Картичка од Словенецот продадена за 4.6 милиони долари!

март 1, 2021
Нови 234 случаи на Ковид-19, починаа седум лица

Нови 234 случаи на Ковид-19, починаа седум лица

март 1, 2021
ТАВ објавува: Меѓународниот Аеродром Скопје награден како најдобар аеродром во европа во неговата големина и за најдобри хигиенски мерки во европа за 2020 година

ТАВ објавува: Меѓународниот Аеродром Скопје награден како најдобар аеродром во европа во неговата големина и за најдобри хигиенски мерки во европа за 2020 година

март 1, 2021
ОКТА ги објави финансиските резултати за 2020 година

ОКТА ги објави финансиските резултати за 2020 година

март 1, 2021
Како ќе изгледаат ковид-пасошите, и кога да ги очекуваме?

Како ќе изгледаат ковид-пасошите, и кога да ги очекуваме?

март 1, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Како изгледа куќата која Мајк Тајсон му ја продаде на 50 Сент кога банкротираше (ФОТО)

    Како изгледа куќата која Мајк Тајсон му ја продаде на 50 Сент кога банкротираше (ФОТО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Руски научници работат на вакцина против коронавирус која може да штити 13 до 17 години

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Денеска започна 6-тата по ред наградна игра на Макпетрол – „Верна – една и единствена“

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Пристигна „Volkswagen Golf GTI Clubsport 45“ во ограничена серија (ФОТО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • ТАВ објавува: Меѓународниот Аеродром Скопје награден како најдобар аеродром во европа во неговата големина и за најдобри хигиенски мерки во европа за 2020 година

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 01.03.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 01.03.2021

март 1, 2021
1.1k
Неделен хороскоп 01.03.2021 до 07.03.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 01.03.2021 до 07.03.2021

март 1, 2021
1.9k

КВИЗОВИ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?
КВИЗ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?

февруари 25, 2021
583

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај

Следна Објава
Конзорциумот на магнатот Лацис единствен кандидат за купување на аеродромот Елиникон

Конзорциумот на магнатот Лацис единствен кандидат за купување на аеродромот Елиникон

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани